Want to create interactive content? It’s easy in Genially!

Get started free

Продолжување на текстот „Двете ѕвезди“ П. Домазетовски

Aleksandra Upale

Created on March 17, 2020

Прочитајте го текстот, а потоа продолжете го, смислете негов поинаков крај.

Start designing with a free template

Discover more than 1500 professional designs like these:

Transcript

„Двете ѕвезди“Петко Домазетовски

Продолжување натекстот

Две ѕвезди, светкави точки на небото, ѕиркаа помеѓу зелените лисја на јаболкницата. Тие како да се чудеа на сиромаштијата во нашата малечка куќичка. Ги гледав замечтањено низ прозорецот и им мавтав со едната рака за да ги повикам во мојата соба и да ја продолжиме играта.

„Двете ѕвезди“Петко Домазетовски учебник стр. 51

Едната ѕвезда, светло окце во темната ноќ, трепереше како да го везеше мојот сон среде белите цутови на јаболкницата, додека другата палаво ми намигнуваше, напоменувајќи ми да не мечтаам толку многу. Не можев да го оттргнам погледот од нив, ги гледав мило и ги броев нивните треперења. Немаше поубави ѕвезди од нив.

" Никогаш не сакав да легнам на време, потскокнував на креветот со желба да ги примам кај себе и често заборавав на својата вечера. А тие двете, насмеани се криеја зад лисјата и цутовите на високата јаболкница како да сакаа нешто потајно да си шепотат таму, но пак брзо се појавуваа од засолништето и ме занесуваа со своите игриви трепети.

Еднаш јаболкницата цела од корен се исуши. Лисјата ѝ светнаа и испопаѓаа како покосени. Ѕвездите веќе не можеа да си играат криенка. - Каде се ѕвездите? - често прашував, но не можев да добијам одговор од никого. Кој знае каде отишле? Кој знае сега кое дете им се радува на тие ѕвезди од моето детство!?

Задачи:- Прочитајте го внимателно текстот. - Продолжете го текстот „Двете ѕвезди“, обидете се да дадете одговори на прашањата на авторот.

ОУ. „Св. Кирил и Методиј“ - Битола предметен наставник: Александра Упале #Домашнаучилница #Седисидома