Want to create interactive content? It’s easy in Genially!

Get started free

Стилови на комуникација

Biljana Koskarova

Created on November 4, 2025

Start designing with a free template

Discover more than 1500 professional designs like these:

Smart Presentation

Practical Presentation

Essential Presentation

Akihabara Presentation

Flow Presentation

Dynamic Visual Presentation

Pastel Color Presentation

Transcript

Стилови на комуникација

АСЕРТИВНОСТ

зошто комуникацијата е важна?

Комуникацијата е основа на сите човечки односи – и лични и професионални. „Не може да не се комуницира“ – Paul Watzlawick На работното место, комуникацијата е клучна за успешна координација, тимска работа и донесување одлуки. Без јасна и отворена комуникација, настануваат недоразбирања, конфликти и губење на мотивација.

Што е ефикасна комуникација?

Ефикасната комуникација претставува способност јасно, отворено и со почит да се разменуваат информации, идеи и чувства. Таа не се сведува само на зборовите, туку вклучува и тон на глас, израз на лице и став на телото.

Карактеристики:🔹 Јасност 🔹 Конзистентност 🔹 Активно слушање 🔹 Емпатија 🔹 Повратна информација 🔹 Отвореност и почит 🔹 Прилагодливост

Стилови на комуникација

#агресивен
#пасивен
Лицата кои комуницираат на овој начин ретко ќе одбијат нешто или ќе кажат „не“ на соговорникот, бидејќи се плашат од неразбирање или неприфаќање на нивното мислење, па затоа се повлекуваат во себе. Пример: „Како сакаш ти, не е важно, ќе се снајдам некако.“ Последици: фрустрација, недоразбирање, незадоволство.
Не постои „не“ како одговор, не се почитуваат ставовите и мислењата на другите. Пример: „Ти секогаш грешиш!“ или „Ти треба да ја завршиш оваа задача сега!“ Последици: конфликти, нарушени односи, недоразбирање

Стилови на комуникација

#пасивно - агресивен
#асертивен
Се одликува со таканаречена прикриена агресивност и кога разговарате со овие лица често не сте сигурни како навистина се чувствуваат и што навистина мислат. Се плашат од директна конфронтација и користат сарказам и иронија за да го изразат своето мислење Пример: „Се разбира дека ќе го направам… како и секогаш.“ Последици: конфликти, нарушени односи, недоразбирање
- Го изразува своето мислење со почит кон себеси и другите. - Активно слушање и употреба на Јас - пораки Пример: „Јас би сакал да го завршиме ова до крајот на денот, би можеле ли да го направиме заедно? Последици: подобра соработка, јасни очекувања, доверба.

Стилови на комуникација

асертивност

Основни техники и праткични совети

Асертивни техники 🔹 Техника на замаглување - Овозможува да се задржи смиреноста и контролата дури и во ситуација на критика или провокација. Таа се состои од два дела: Во првиот дел, личноста го признава мислењето на соговорникот, а во вториот дел, смирено го брани својот став, без агресија или повлекување.. Пример: „Ти секогаш си премногу бавна со извештаите!“ „Можно е понекогаш да ми треба повеќе време — сакам резултатите да бидат точни.“ 🔹 Техника на повторување – Личноста со оваа техника го признава мислењето на соговорникот, покажувајќи дека го слуша и го разбира, но истовремено мирно и доследно го брани своето право или став. Целта е да се одржи баланс меѓу почит и самопочит – да се покаже разбирање, но и да се остане цврст во сопствениот став. Пример: Колега инсистира да му помогнете со задача, иако сте веќе преоптоварени. „Разбирам дека ти треба помош, но сега навистина немам време.“

како да се биде асертивен?

👁️Контакт со очи – гледај го соговорникот лице в лице, тоа покажува сигурност и почит. 🧍‍♀️Исправена и отворена положба на телото – исправен грб и опуштени раменици. 😊Љубезен, но сериозен израз на лицето 🎙️Смирен и јасен тон на глас – избегнувај остар, ироничен или премногу тивок глас. 💡 Слушај активно – покажи дека го разбираш соговорникот, дури и ако не се согласуваш со него. 🚫 Кажи „не“ кога е потребно – со мирен тон и кратко објаснување; ⚖️Почитувај ги другите, но не дозволувај да ги пречекорат твоите граници. 🔁 Вежбај секојдневно – асертивноста се гради со пракса, во секојдневни ситуации.

'Let's build bridges, not walls.'

Martin Luther King Jr.