Want to create interactive content? It’s easy in Genially!

Get started free

Алиса во Земјата на Интернетот – Сајбер патека низ чудата

Irina Ivanova

Created on June 22, 2025

Start designing with a free template

Discover more than 1500 professional designs like these:

Transcript

Алиса во Земјата на Интернетот – Сајбер патека низ чудата

ЗАПОЧНИ

Алиса не отвори никаква врата. Не го следеше белото зајаче, доволен беше еден клик.

Екранот стана црн… па блескаво бел. Алиса исчезна. Се разбуди среде дигитален свет: лозинки, лажни профили, измами и хакери. Секој нејзин чекор се следи. Секоја грешка – опасна. Твојата мисија е да ја вратиш назад. Но времето истекува… и секоја секунда ја носи подлабоко во виртуелната сенка.

СТАРТ
ПРОДОЛЖИ
ЛАВИРИНТОТ НА ЛОЗИНКИ
Заклучено
Заклучено
Заклучено
Заклучено

Алиса се најде во чуден дигитален лавиринт. Секоја врата беше составена од тастатури, а за да излезе, мораше да внесе лозинка. Првата врата ја отвори со „12345678“, но лавиринтот се затвори зад неа и глас ѝ рече: „Премногу лесно... не си безбедна.“

Започни мисија

Која лозинка ќе ѝ помогне на Алиса да излезе од лавиринтот без да биде следена?

12345678
Ana2025
@nA!_42kL

🗝️ Пронајди го клучот за да продолжиш.

Алиса доби порака: „Имаш 30 секунди пред профилот да се заклучи. Потврди дека си ти.“ На екранот се појави тајмер и поле за код. Таа се сети дека активирала нешто што и праќа код на телефон. Како се нарекува оваа дополнителна заштита што ќе ја спаси Алиса?

Тајна лозинка
Двофакторска автентикација
Промена на корисничко име

🗝️ Пронајди го клучот за да продолжиш.

Во тивка ноќ, Алиса доби порака од „Фишермен“: „Ја знам твојата лозинка... иста е како на Инстаграм, нели?“ Таа се сепна – навистина користеше иста лозинка насекаде. За да не биде уловена Алиса треба да:

ја запише лозинката во тетратка
ја менува лозинката еднаш годишно
користи различни лозинки за секоја сметка

🗝️ Пронајди го клучот за да продолжиш.

ШУМАТА ОД ПРОФИЛИ
Завршено
Заклучено
Заклучено
Заклучено

Алиса влезе во дигитална шума каде секој профил изгледаше совршено: слики без мана, цитати од познати личности и илјадници следбеници. Но нешто не беше во ред – сите профили зборуваа исто, лајкуваа исто, и никој не одговараше на пораки.

Започни мисија

Како Алиса може да препознае дека се работи за лажни акаунти?

Профилите имаат многу следбеници и убави слики
Профилите имаат слични интереси како Алекс
Профилите немаат лични објави и користат генерализирани коментари

🗝️ Пронајди го клучот за да продолжиш.

Алиса доби порака: „Честитки! Освои 1000 евра! Само кликни тука и потврди ги твоите податоци.“ Пораката дојде од профил со слика на позната банка, но адресата изгледаше чудно. Што треба да направи Алиса?

Да ја игнорира пораката и да ја пријави како фишинг
Да ги внесе податоците – нема што да изгуби
Да ја сподели пораката со пријателите за да провери дали е вистинска

🗝️ Пронајди го клучот за да продолжиш.

Бара лозинка преку порака без официјален контакт

Во виртуелен плоштад стоеше статуа што зборуваше: „Јас сум од техничка поддршка. Внеси ја лозинката за да го поправиме проблемот.“ Гласот звучеше убедливо, но нешто во очите на статуата беше... празно. Како Алиса да знае дека ова е обид за манипулација?

Звучи пријателски и нуди помош
Има слика со логото на позната компанија

🗝️ Пронајди го клучот за да продолжиш.

Завршено
Завршено
Заклучено
СОБА 404: ЕТИКТА НЕ НАЈДЕНА?
Заклучено

Добредојде во СОБА 404. Тука етиката е избришана, а секој избор носи последица. Алиса лута низ тишината на мрежата. Ќе ѝ помогнеш ли да ја пронајде исправната патека?

Започни мисија

Алиса доби коментар под својата објава: „Никој не те сака, подобро избриши се.“ Коментарот беше од профил со слика на цвеќе, но без вистинско име. Таа се загледа во екранот како во огледало што ја искривува вистината. Што треба да направи Алиса?

Да одговори со слична навреда
Да го сподели коментарот со сите
Да го пријави коментарот и да побара поддршка

🗝️ Пронајди го клучот за да продолжиш.

Алиса стои во дигитална шума од весници што трепкаат под нејзините чекори. Насловите се гласни– делуваат важно, но некои се само мамки. Помогни ѝ да не падне повторно во замка: Кои од овие наслови се лажни?

🗝️ Пронајди го клучот за да продолжиш.

Во виртуелна сала, Алиса гледаше како некој објавува слика од нејзин соученик со потсмешен опис. Некои се смееја, други молчеа. Алиса почувствува дека вагава на правдата се ниша. Што може да направи за да ја врати рамнотежата?

Да ја лајкне објавата за да не се разликува
Да го поддржи соученикот и да ја пријави објавата
Да ја игнорира ситуацијата

🗝️ Пронајди го клучот за да продолжиш.

Завршено
Завршено
Заклучено
Завршено
КУЛАТА НА ПРИВАТНОСТА

Алиса стоеше на врвот на кула од стакло. Под неа – целиот дигитален свет. Секој клик, секоја објава, секое „лајк“ – сè се рефлектираше на ѕидовите околу неа. Одеднаш, сфати дека сите можат да ја видат, дури и она што мислеше дека е приватно.

Започни мисија

Што треба да направи Алиса за да ја намали својата видливост во оваа кула?

Да ги прилагоди поставките за приватност на своите профили
Да објавува што повеќе за да се изгуби во масата
Да користи само јавни мрежи за да биде „транспарентна“

🗝️ Пронајди го клучот за да продолжиш.

Алиса доби покана да ја види својата дигитална мапа – патека составена од сите нејзини пребарувања, локации, фотографии и пораки. Некои делови беа точни, други – изобличени. Мапата ја следеше дури и кога мислеше дека е офлајн. Како може Алиса да ја контролира оваа мапа?

Со тоа што ќе користи повеќе профили за различни цели
Со тоа што ќе ги прегледува и ограничува дозволите на апликациите
Со тоа што ќе ги споделува своите податоци само со пријатели

🗝️ Пронајди го клучот за да продолжиш.

Алиса е во дигитална судница кога судијата ја прашува: „Кога молкот станува соучесништво?“ – која од трите пораки најмногу ја поддржува жртвата?

🗝️ Пронајди го клучот за да продолжиш.

Завршено
Завршено
БАЛОТ НА ДЕЗИНФОРМАЦИЈАТА
Завршено
Завршено

Алиса прочита наслов: „Чоколадо лекува грип – научниците потврдиле!“ Статијата немаше автор, а изворот беше блог со реклами за чоколади. Кога се загледа во екранот, виде огледало што ја искривува вистината.

Започни мисија

Што треба да направи Алиса?

Да ја сподели статијата – звучи интересно
Да провери дали има веродостоен извор и научна потврда
Да купи чоколадо – не може да штети

🗝️ Пронајди го клучот за да продолжиш.

Статијата нема автор, датум и конкретни факти

На интернет, Алиса најде „ексклузивна вест“ за позната личност. Кога кликна, се отвори страница со многу реклами, но без вистинска содржина – само наслови и празни зборови. Книгата што ја држеше во раце беше празна. Како може Алиса да препознае дека ова е дезинформација?

Има многу слики и големи букви
Содржината е кратка и лесна за читање

🗝️ Пронајди го клучот за да продолжиш.

Алиса слушна видео каде некој тврди дека „училишниот распус ќе започне порано“. Гласот звучеше сериозно, но немаше ниту еден доказ. Мегафонот што го држеше зборуваше тивко, но сите го слушаа. Што треба да направи Алиса пред да поверува?

Да го сподели видеото за секој случај
Да го праша пријателот што прв ѝ го пратил
Да провери дали информацијата е објавена од официјални извори

🗝️ Пронајди го клучот за да продолжиш.

Успеа да и помогнеш на Алис да излезе од дигиталната замка! Запомни твојата сајбер-безбедност не е апликација. Таа е одлука што ја носиш секој ден.

КРАЈ
ИГРАЈ ПОВТОРНО

Алиса во Земјата на Интернетот – Сајбер патека низ чудата

ЗАПОЧНИ

Погрешен одговор - размисли!

ПРОБАЈ ПОВТОРНО