Full screen

Share

Show pages

Откриј зошто

Want to create interactive content? It’s easy in Genially!

Get started free

Вистинскиот избор менува многу

Француски Институт Скопје

Created on February 15, 2024

Start designing with a free template

Discover more than 1500 professional designs like these:

Transcript

Откриј зошто

Интересен факт

Студирањето на француски универзитет ти овозможува да се запознаеш со луѓе од различни култури, кои имаат различни ставови и вредности, што резултира со оформувањето аналитички став, критичко размислување и прифаќање различности.

Предвидувањата се дека до 2050 година францускиот јазик ќе го говорат најмалку 700 милиони луѓе во светот.
Интересен факт

Со повеќе од 3.500 јавни и приватни институции за високо образование, француските универзитети се меѓу најдобрите светски универзитети и се отворени за кандидати од целиот свет. Поради тоа што голем дел од нив се финансирани од државата, школарините се пониски во споредба со други универзитети од нивниот ранг, додека, пак, стипендиите за талентирани студенти покриваат голем дел од трошоците.

Франција има најмногу писатели добитници на Нобеловата награда за литература.
Интересен факт

Францускиот јазик се смета за јазик на културата, се зборува низ целиот свет и е уникатен по тоа што неговото користење постојано расте, поради што спаѓа во 10 најбрзорастечки јазици во светот.

Меѓу 30 % и 40 % од зборовите во модерниот англиски јазик потекнуваат од францускиот.
Интересен факт

Мелодичниот призвук на францускиот јазик најмногу се должи на големиот број согласки што се користат, а фактот што многу светски јазици содржат зборови, чиешто потекло е француско, го олеснува неговото изучување.

Францускиот јазик има повеќе од 500 000 зборови, со што е еден од јазиците со најбогат фонд на зборови во светот.
Интересен факт

Францускиот е официјален јазик во многу светски организации, како што се ОН, ЕУ, НАТО, Црвен крст и други. Поради тоа што е единствен официјален јазик во Судот на правдата на ЕУ, францускиот се смета за јазик на европското право.

Францускиот јазик се зборува на сите континенти на светот.
Интересен факт

Со своето богато културно наследство градено со векови, Франција продолжува да го одушевува светот и да остава неизбришлива трага врз другите култури преку филмот, литературата, модата, кујната, па дури и преку начинот на живот.

Модерните Олимписки игри се возобновени во Франција.
Интересен факт

Со едукацијата во францускиот образовен систем остваруваш контакти со луѓе од целиот свет, добиваш нови можности за личен развој и само од тебе зависи на кој начин и во која насока ќе ја развиваш својата кариера.

Луѓето што го зборуваат францускиот јазик спаѓаат во групата франкофони.
Интересен факт

Работа со високомотивирани наставници и предавачи, кои се трудат да ви го пренесат своето знаење на забавен и интерактивен начин преку уникатни наставни програми што ќе ви ги доближат основите на францускиот јазик.

Францускиот јазик е еден од најизучуваните јазици во светот. Број 1 во ОК и број 2 во САД.
Интересен факт

Поради распространетоста на јазикот, сите поголеми светски медиуми имаат програма на француски, па пристапот до навремени и точни информации е многу полесен за тие што го зборуваат. Покрај ова, Франција може да се пофали со многу популарни книги, стрипови, филмови... како дополнителен поттик за негово изучување.

Францускиот јазик е официјален јазик во 29 земји во светот.

Next page

genially options

Show interactive elements