Want to create interactive content? It’s easy in Genially!

Get started free

Процес на изработка на програма

blagorodnasotirov005

Created on March 7, 2021

Start designing with a free template

Discover more than 1500 professional designs like these:

Geniaflix Presentation

Vintage Mosaic Presentation

Shadow Presentation

Newspaper Presentation

Zen Presentation

Audio tutorial

Pechakucha Presentation

Transcript

Tема:Програмирање со стандарден програмски јазик

ПРОЦЕС НА ИЗРАБОТКА НА ЕДНА ПРОГРАМА

01

Креирање компјутерски програми

02

03

01

Програми

Природни јазици

За да работат компјутерите потребни се програми. Програмите се напишани со некој програмски јазик, со ограничено множество на инструкции и правила како тие инструкции да се користат. Овие јазици се наречени програмски јазици. Програма е множество на инструкции со која компјутерот извршува некоја работа. Секоја програма се состои од инструкции (наредби).

Луѓето кои ги креираат (пишуваат) компјутерските програми се викат програмери. Пишувањето програми односно програмирањето е постапка со која програмерот му наредува на компјутерот која активност да ја изврши. Програмирање е процес на пишување наредби за компјутерот, односно создавање компјутерска програма како низа од наредби со користење на некој програмски јазик.

Природните јазици се средство кое овозможува комуникација помеѓу луѓето. Но, за претставување на специфични, на пр. математички информации, измислени се таканаречени вештачки јазици. Пример за вештачки јазик: јазици за бележење на математички, физички или хемиски фомули итн.

Програмски јазици

Програмските јазици се вештачки јазици и се користат за пишување компјутерски програми. Mашинскиот јазик се состои од наредби кои се изразуваат само со нули и единици т.е. само со бинарни цифри). Тоа се симболички програмски јазици. Бидејќи примената на машински јазик им е тешка на луѓето, развиени се виши програмски јазици кои имаат приказ на наредби слични на секојдневниот/природниот јазик. Пример: Fortran, Basic, Pascal, C (C++), Visual Basic, Java. Програмата која е напишана во некој виш програмски јазик се нарекува изворна програма (source code) и пред извршување треба да се преведе на машински јазик. За таа цел се користат таканаречени преведувачи кои ги преведуваат програмите од виш програмски јазик во бинарен запис.

Фази во процесот на изработка на компјутерска програма:

1. Aнализа на проблемската ситуација и разгледување можни решенија. 2. Aлгоритамско претставување на чекорите за можното решение на проблемската ситуација. 3. Kодирање на алгоритамот Запишување на алгоритамот како низа од инструкции во избран програмски јазик претставува програмски код кој се вика изворна програма. 4. Преведување на изворната програма во извршна програма Изворната програма не е разбирлива за компјутерот. Таа мора да се преведе во машински јазик (во кој инструкциите се запишуваат со 1 и 0) за да биде разбрана и извршена од процесорот. Изворната програма преведена на машински јазик се вика извршна програма. За преведување на изворната програма во извршна програма се користат програми преведувачи.

Фази во процесот на изработка на компјутерска програма:

5. Корекција на грешки (синтаксни, логички) Преведувањето на изворната во извршна програма ретко кога е без грешки. Програмата преведувач го алармира програмерот за направените грешки во изворната програма кои мора да бидат поправени за инструкциите да можат да се преведат во машински јазик. Синтаксните грешки се однесуваат на неправилно напишани зборови од програмскиотјазик, неправилно користени или испуштени интерпукциски знаци и сл. и најчесто се поправаат при преведувањето на изворната програма со помош на преведувачот. Логичките грешки треба да ги открие и поправи програмерот при тестирањето на извршната програма. Логичките грешки обично се викаат багови (bugs) и за нивно откривање се користи програма дебагер која овозможува извршување на програмата линија по линија и стопирање на нејзиното извршување на одредено место каде што е направена грешка. Пример за синтаксна и логичка грешка Формула за пресметување периметар на правоаголник ако се познати неговите страни: L=2*(а-b Синтаксна грешка – недостасува заграда на крајот од изразот. Логичка грешка – формулата не е точна иако по ставање на заградата на крајот е правилно запишана. Пресметување на израз c= b-a вредност на променливи: a=5 b=”Maja” Логичка грешка – b е текст и не може да биде намаленик.

Фази во процесот на изработка на компјутерска програма:

6. Тестирање на програмата. Тестирањето на програмата се прави од страна на програмерот или корисниците за кои е наменета програмата. Програмата мора да работи правилно за различни вредности кои ги внесува корисникот или да оневозможи погрешно внесување вредности во програмата преку пораки и сл. до корисникот. Програмата треба да има соодветно решение за сите можни случаи (односно влез) преку испишување соодветна порака. По успешното поминување на сите фази од процесот може да се каже дека програмата е готова и работи правилно.