Want to create interactive content? It’s easy in Genially!
Вежби за сложена реченица
Aleksandra Upale
Created on March 20, 2020
Start designing with a free template
Discover more than 1500 professional designs like these:
Transcript
Вежби за сложенареченица
Пронајдете ги сложените реченици во следниот текст, а потоа определи во кои од нив одделните реченици се во независен, а во кои во зависен однос.
Бевме петмина. Седевме покрај масата и чекавме. Отпрвин се смеевме и разговаравме. Кога однадвор се слушнаа чекори се свртевме кон вратата. Гледавме во неа со раширени очи и отворена уста. Кога чекорите стивнаа, молкум се погледнавме. Очите ни беа полни со солзи. Бевме гладни. Мама уште ја немаше да се врати. Пред цел час отиде да бара леб некаде. Знаевме, штом ќе дојде ќе донесе леб. Во тоа ни малку не се сомневавме, зашто навечер треба вечера. Гледавме во часовникот што висеше крај печката, на ѕидот. Долгата стрелка полека се движеше. Иако не ѝ се брзаше, го мина веќе целиот црн круг. Иван Цанкар
Следните прости реченици поврзи ги во сложени.
- Некогаш тука имало високи згради.
- Ноќе само месечината излегуваше на небото.
- Така помина летото.
- Селанецот упорно гледаше во малото срнче.
- Мајка ми замина на работа.
- По улицата брзаа автомобилите.
- Една ноќ го видов Никола.
3. Трансформирај ги бесврзничките реченици во сврзнички:
- Влезе наставникот - бидете мирни.
- Надвор сонцето грее - да одиме на прошетка.
- Кој чека - ќе дочека.
- Прочитај книга - пишувај домашно.
- Ќе дојдам - ќе се договориме.
4. Напишете реченици според барањата:
1. Две прости реченици.2. Две сложени реченици, составени од две дел-реченици.3. Две сложени реченици составени од три дел- реченици.4. Две независносложени реченици.5. Две зависносложени реченици.6. Две сврзнички сложени реченици. 7. Две бесврзнички сложени реченици.
ОУ. „Св. Кирил и Методиј“ - Битоланаставник: Александра Упале